СДСМ и Зоран Заев се главните ширачи на Ковид 19 во земјата. Веќе подолг период Република Македонија има трицифрена бројка на новозаразени, а неспособната СДСМ не знае и не умее да се справи со оваа ситуација. Заев треба да биде загрижен и за организирањето на нивните митинзи. На еден таков јавноста сведочеше деновиве, а истиот беше организиран со затворениците во затворот во Идризово, велат  од ВМРО ДПМНЕ.

Наместо Заев да шири приказни и да глуми загриженост нека даде одговори на јавноста. Заев треба да даде одговор дали кај него завршија парите од „Рекет“ и по чија наредба и со чии амин се случи уште еден рекет од 6 милиони евра. Заев треба да одговори и како е дозволено и се случува адвокатот Димишков да кажува кој да се ослободи, а кој не, а притоа за тоа бара 6 милиони евра. Јавноста треба да знае и дали дел од тие пари завршија во џебот на Зоран и Вице Заеви?Изборот е јасен, изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.