Бројката на починати од корона се движи кон 7.500 лица. На министерот смрт Венко Филипче секојдневно му умираат млади пациенти, пациент од 20-тина години, 40-тина години. На европската листа на починати на милион жители Македонија е на високо трето место. Во меѓувреме, министерот за смрт, стручната фела ја множи со нула, како да не постои, а не пак да се заинтересира да ги праша, слушне и преземе соодветни мерки – коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека наместо стимулативни мерки, Филипче уценува.
И наместо стимулативни мерки, Филипче продолжува со закани, уцени кон граѓаните.Стручната јавност јасно му вели така не се зголемува број на вакцинирано население, така не се постигнува заштита, но очигледно воопшто не му е гајле. Филипче си ја слуша политичката комисија и си ги брка личните и интересите на Заев.Затоа крајот брзо ќе му дојде – додаваат од опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.