Наместо решавање на ситуацијата со корона, граѓаните гледаат само се поголеми глупости и се поголема неспособност на Заев и Филипче.
Не се справија со ниту еден бран од корона вирусот, а сега на праг на четвртиот бран и наместо да понудат решенија, тие заплашуваат и дискриминираат.
За СДСМ сега постојат само вакцинирани граѓани, ги избришаа и оние кои минуваа голгота во текот на лечењето, а имаат антитела.
Погрешната здравствена политика, поточно немањето здравствена политика ја доведе земјава уште од стартот на појавата на корона високо на листите на починати или досега повеќе од 5.500 починати само во земјава, а високо котира на светските ранг листи по бројот на починати. Или според Ворлдометар, Македонија е шеста по смртност на милион жители во светот.
Сето ова што се случува е резултат на интересот за провизии, а не за здравјето на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ апелира на вакцинација.
ВМРО-ДПМНЕ е строго против дискриминација, бидејќи сите граѓани се исти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.