Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека најавената програма за работа и приоритетите што ќе ги има новата влада се уште едно лажно ветување на СДСМ и Зоран Заев кон граѓаните.

Како што велат од партијата, Заев и СДСМ многу јасно покажале дека не исполнуваат речиси ништо од тоа што го ветуваат.

Зоран Заев пред изборите ветуваше 100.000 нови работни места, повисоки плати во здравство и образование, а во владината програма нема ниту збор.

Зоран Заев повторно предизборно ги изманипулира граѓаните. Ветуваше многу, а во програмата на Влада нема ништо од тоа.

Заев ветуваше намалување на невработеноста на 8%, а сега во програмата нема конкретна бројка, туку констатација дека ќе работат за помала невработеност. Заев знае дека не може да ја намали невработеноста на 8% и затоа тоа не го ставил во програма.

СДСМ пред избори ветуваше 100.000 нови работни места, за сега во програмата воопшто и да не го спомнува ова.

Зоран Заев ветуваше плата од 36.000 денари, сега во програма нема ниту збор за тоа.

Ги нема ниту ветените покачувања на платите во здравството и образованието.

СДСМ ветуваше многу, а сега ретерира.

СДСМ знаат дека не можат да исполнат ништо од тоа што го ветија.

Од друга страна го гушат приватниот сектор. Во програма на влада предлагаат соодветна правична застапеност во приватниот сектор. Ова е одлука на диктатура и спротивно на начелата на демократското општество.

СДСМ само ја тоне државата – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.