Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски се сретна до Директорот на Меѓународниот републикански институт за Европа, Пол Мекарти.
На средбата се потврдија добрите односи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и IRI и се согласија за понатамошна продлабочена соработка.
Мицкоски го информираше Мекарти за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ насочена кон стратешките интереси на нашата земја за членството во ЕУ и НАТО.
На средбата се дискутираше и за актуелната политичка состојба, предизвиците и реформските процеси.
Мицкоски посочи дека власта доцни со потребните реформи и го нема потребниот капацитет да ги спроведе истите.
Тој исто така го истакна недостатокот на демократски капацитет кај власта и злоупотребата на државните институции за свои лични интереси, притоа потенцирајќи ја се поприсутната корупција, непотизам, матни тендери, грантови и други незаконски активности.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за крај порача дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан економски раст, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.