Делегација од ВМРО-ДПМНЕ заедно со потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николоски и претседателот на ОК Прилеп Петар Ристески присуствуваше на одбележувањето на годишнината од завршувањето на Првата светска војна организирана од германската и француската амбасада во знак на европското помирување.

ВМРО-ДПМНЕ е партнер на Франција и Германија и гради цврсто партнерство. ЕУ е единствената алтернатива за Македонија и ВМРО-ДПМНЕ по победата на изборите ќе се посвети на реализација на реформите за Македонија да е на брза трака за почеток на преговори со ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.