Модуларната во Скопје прокисна, во Тетово изгоре, a министерот за здравство Венко Филипче мува не го лази, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Модуларната болница пред Инфективната клиника е под клуч. Или модуларната во Скопје прокиснува. На почетокот на септември модуларната болница во Тетово изгоре, изгореа и 13 лица кои таму требаше да бидат излечени. Но, за ова одговорност се уште нема иако изминува и вториот месец, пишува во соопштението на партијата.

Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат зошто прокисунува модуларната болница во Скопје во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, додавајќи дека не е позната причината поради прокиснувањето, ниту пак се најавува дека ќе се истражи.

Местата на кои пациентите бараа или бараат спас станаа хорор. Бројката на починати од корона е речиси седум илјади.

Но, министерот за здравство Венко Филипче наместо да се го работи тоа за што е платен од граѓаните си тераше или се уште тера кампања.

На Филипче за граѓаните, за случувањата во здравството воопшто не му е гајле, мува не го лази. Ова однесување ќе биде казнето!, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.