Поминаа 15 дена од стравичната катастрофа со автобусот на Беса Транс, а од власта нема ниту одговори, ниту одговорност. Власта на Заев ја замајува јавноста со театри, наместо да понесе одговорност за смртта на 45 лица, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Власта на СДСМ и ДУИ молчи како е возможно без извод од лиценца автобусот на „Беса Транс“ да патувал 140 пати на меѓународни тури. Молчат и за тоа ккао е возможно на кобното патување автобусот воопшто да не бил внесен во системот на Царина. Нема одговори ниту за злоупотребите на регистарските таблички, ниту за тоа кој ја дал хомологацијата, ако се има предвид дека автобусот бил репариран и со зголемен капацитет на 54 патници.
МВР, Царина, надлежниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и дузина институции се одговорни за низата пропусти и злоупотреби поради кои настана несреќата. Затоа институциите си играат пинг понг со одговорноста исто ккао и со трагедијата со тетовската болница.
Неодговорноста и криминалот на власта на СДСМ и ДУИ чини животи. Нивното лицемерие се гледа во нивните лица – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.