Интегрално соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски спрема влада на Заев и заевизмот, сите негови луѓе веќе ги стави околу себе.

Ковачевски ги повтори истите флоскули на Заев кои ги слушаме 5 години, и ништо позитивно од тоа нема за државата. Сето ова што сега го ветува Ковачевски, Заев го ветуваше пред 5 години и не го исполни, нема да го исполни и Ковачевски.

Луѓето околу Ковачевски се луѓето на Заев, таму е Сања Лукаревска, која беше директорка на УЈП која ги толерираше фирмите на Заеви кои редовно се јавуваат на листата на должници на оваа институција.

Ковачевски ништо ново не може да направи ниту со Фатмир Битиќи, кој е вицепремиер во време на Заев, и кој покрај и самиот Ковачевски е виновен за инфлацијата и енергетската криза во која западнавме.

Губитниците Петре Шилгов и Стефан Богоев, кои освен криминал немаат оставено ништо позади себе, не можат да бидат иднина. Иднина не може да биде ниту Андреј Петров и Игор Ивановски Шема, кои освен да го научат Ковачевски како се губи на парламентарни избори, не можат да го научат, ниту пак да придонесат со нешто друго.

Ковачевски пред да прави било што, треба првин да се извини за предавствата и криминалите на Заев, а потоа да излезе на предвремени парламентарни избори час поскоро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.