ФИТР како и по навика за своите одлуки се крие позади флоскули и некои евалуаторски комисии. Во ниту еден момент не негира дека споменатите фирми и ликови за одредени проекти, како на пример рецепта за пица, земале милионски суми во денари од државата со потпис на Коста Петров, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако денеска ФИТР рече дека е жално е што опозицијата, наместо да ги мотивира младите да отворат успешни стартапи и да ги реализираат своите соништа, вметнува политика во сфера која е комплетно ослободена од политичките влијанија.

Никој од ФИТР не е инволвиран во носење на одлуката каде ќе се финансира и ова не го кажувам за да се оградам од процесот, туку да кажам дека процесот е независен.Во описот на компанијата пишува, спроведување на Пица-Романа, тестенина од 100% природни состојки, без адитиви и отрови од био брашна, уникатна по уникатна иновативна рецептура, без глутен и масти, лесна и некалорична тестенина. Убаво е напишано за што се инвестира во проектот, каде ќе одат парите, и напротив поддршката треба да биде уште поголема, истакнаа од Фондот.

ВМРО-ДПМНЕ на тоа реагираше дека Петров веројатно не разбира дека граѓаните не може да ги прелаже и дека целата јавност е свесна што се случува со Фондот за иновации и на кој начин се испумпуваат парите на граѓаните.

Коста Петров не негира дека потпишал проект од 40.000 долари за рецепта за пица што ја има на интернет, исто така потпишал проект од 2.7 милиони денари за партискиот другар на Заев, Миле Милановиќ, одобрил исто толку за проект на бившиот директор од СДСМ Рубинчо Зарески и многу други. Срамота е да се фали Коста Петров со сертификати за борба против корупција, кога ФИТР е институција позната по корупцијата и испумпаните десетици милиони евра на блиски лица до СДСМ и нивни функционери, додаваат од опозицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.