ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека власта сака да спроведе политички попис. Собранискиот спикер Талат Џафери им ја врати иницијативата за собирање потписи поради тоа што наместо Македонија стоеше Република Македонија. Од партијата најавија дека процедурата сами ќе ја спроведат.

„ВМРО-ДПМНЕ и покрај ваквите институционални пречки ќе ја започне иницијативата на собирање на потписи од сите граѓани, една натпартиска иницијатива каде што ќе може да се потпише секој оној граѓанин кој што се залага за фер европски и веродостоен попис и да се потпише секој граѓанин кој што е против ваков политички попис кој што води кон фалсификат“, посочи Антонио Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека од утре на пунктови по плоштади и пазари во градовите и во селата ќе почне да ги собира потребните 10 илјади потписи кои планира да ги достави директно до претседателот на Собранието Талат Џафери како предлог за поништување на Законот за попис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.