Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски најави кривична пријава за директорот на Фондот за иновации, Коста Петров, за којшто тврди дека го прекршил законот со тоа што исплатил буџетски пари за рекламирање на Фондот.

Да разјасниме: Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, претседателот на СДСМ чиј заменик односно потпретседател е Коста Петров во 2017 година донесе заклучок според кој се задолжуваат сите органи на државната управа, се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа, се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми.

 

Според законот за иновациски дејности, Фондот за иновации е формиран од Владата на Република Македонија, има статус на правен субјект, користи буџетски пари, она што е најважно практично затоа и беше донесена од СДСМ, тогаш беше и така промовирана оваа мерка користи буџетски пари Фондот за иновации на Република Македонија. А, вклучително и директорот на Фондот за иновации е назначен на седница Влада. Затоа, де факто овој заклучок на Владата кој што е донесен пред три години важи и за Фондот за иновации, односно за Коста Петров – истакна Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ бара од институциите да реагираат, а Фондот за иновации јавно да ги обелодени сите документи за тоа каде се рекламирал Фондот за иновации, колку пари потрошил и кој ги исплатил тие пари, односно со чиј потпис.

Кривична пријава за одговорност поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, секако ќе има – истакна Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.