ко Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции го помине собранискиот филтер со европско знаменце, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира сите идни закони, најави пратеникот Бране Петрушевски.

„Лиценците  за канабис кои се дадоа изминативе години, се лиценци за прерaботка на масло од канабис и финален производ за медицински цели, но и не за извоз во форма на сув цвет од канабис, како што предвидува ова законско решение. Меѓу овие лиценци е и таа на семејството Заеви. Јавна тајна се сомневањата дека лиценците за преработка на масло од канабис се издаваа за 300 до 500 илјади евра, пари кои се сомневаме дека завршуваа единствено во џебот на фамилијата Заеви“, изјави Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата доцна синоќа информираше дека на седница е утврден Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Како што вчера соопшти владината прес-служба, со предлог- законот се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели. Денеска пак, премиерот Зоран Заев посочи дека не се точни тврдењата дека извозот на сушен цвет е новина.

„Тој веќе се извезува, значи по табелите кои Министерството ги усвои согласно регулативите од ОН и европските регулативи, тој се извезува веќе, имаме извоз на сушен цвет. Се надевам дека ќе има се поголема сертификација. GMP сертификатот и другите серитификати кои се должни да ги издадат и домашни и европски за пазарите ќе ги зајакне во конкурентоста и пласманот на своите производи. Тоа веќе се случува. Значи новиот закон ќе овозможи само формирањето на агенцијата и новиот фонд од 10 отсто. Секој ден одложување на овој закон значи дека губиме 10 отсто и тоа за квалитетни намени што значат и демократија и поддршка на граѓаните со ретки болести, но и самото основање на агенцијата“, кажа Заев денеска.
Според премиерот, единствена новина е формирањето на Агенцијата за управување со медицинскиот канабис, која треба да го штити делот на инвестициите, државниот аспект и грижата за да не излегува надвор од контрола. Самата агенција, посочи тој, ќе биде воспоставена за да го штити имиџот на државата, за да се создадат што повеќе работни места. Заев кажа дека просечно платата во овој бизнис е 700 евра, бидејќи се работи за профитабилна дејност.

„Десет проценти од трошоците од вкупните фактури кои ќе ги имаат изработено доаѓаат на посебна сметка во Владата која заедно министерствата за финансии и за здравство ја изработуваат, каде дел процент одат на Агенцијата за лекови, дел за Агенцијата за медицински канабис, еден дел одат за ретки болести, едниот дел оди за медиумски фонд, еден дел за култура и образование и еден дел за спортот. Така се поделени. Тоа се сериозни пари од вкупниот обем. Тој дел од 10 проценти се смета трошок на компанијата, значи она го плаќа и на крајот си плаќа 10 проценти данок на добивка како сите. Тие се новините односно затвораме една регулатива“,
кажа Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.