Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги предадат документите од случаите за набавка на противопожарни скали на Град Скопје како и набавката на кинески вакцини преку фирма посредник од Хонг Конг.

Но, напоменува дека немаат никакви очекувања дека по нив ќе се постапува.

Не, не очекуваме ништо. Можеби еден ден кога ќе се ценат други вредности во судството и Обвинителството-вели Мицкоски.

 

Тој денеска го покажа сфифтот, односно уплатницата според која на фирмата „Старби“ во месец февруари Министерството за здравство  уплатила 7.8 милиони долари, со тоа излегува дека една вакцина од кинески „Синофарм“ би не чинела 65 долари.

Кога аферата беше обелоденета во јавноста парите најверојатно биле вратени на сметката на МЗ.

Скандалозна е и набавката на противоожарни скали од страна на градоначалникот на Скопје Петре ШилеговЦената на возилото кое го набавил Шилегов е скоро двојна поголема од цената која Град Загреб ја платил за истото возило.

Исто така дополнителната опрема која Шилегов ја спомена на македонската скала, ја има и хрватската.  Од фотографиите од набавката на хрватската скала јасно се гледа дека таква корпа има и скалата која е купена за 930.000 евра помалку од таа во Скопје.

Прашањето е каде отишле парите во набавката помеѓу фирмата „Армор плус“ блиска до секретарот на Шилегов и унгарската „хороскоп“.?

Одговор за ова можеби ќе дадат Обвинителството и Антикорупциската комисија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.