Како со чиновничка плата од 1.000 евра Петре Шилегов доаѓа до милионски имот и станува најбогат градоначалник на Балканот?!, прашуваат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство да отвори случај за потекло на имотот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Кој е рецептот како се стига до четири стана, хациенда во Маврово и зграда во Тафталиџе? Како со обична чиновничка плата од 1.000 евра Шилегов доаѓа до милионски имот, и станува најбогат градоначалник на Балканот?!

Шилегов да го каже рецептот како до 4 стана, цела зграда во Скопје и хациенда во Маврово.

Граѓаните цел живот работат за еден стан или куќа, а Шилегов за краток период стекнал имот за кој на секој друг граѓанин ќе му требаат неколку животи, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат што крие најбогатиот градоначалник на Балканот во најсиромашниот главен град на Балканот.

Дали зградата на Шилегов е градена од работници од јавните претпријатија со кои раководи Шилегов? Дали зад милионскиот имот се кријат злоупотреби на јавни добра?

ЈО веднаш да отвори истрага и да го испита потеклото на имот на Шилегов. Тик так… Петре времето полека ти поминува. Време е за одговори, а и за одговорност, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.