Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно беше соопштено дека Заев дал предлог до Бугарската влада. Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог? Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани, се вели во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата.

Заев преку неговите изјави трајно го минира позициите на Македонија. Останува отворено кои се 5-те историски личности за кои има согласност меѓу историските личности за кои Заев говори. Заев создава поделби во Македонија. Со Заев Македонија губи. Потребно е Заев да си оди, за Македонија да биде за сите луѓе, се наведува во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.