ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува позитивната одлука на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија, а воедно го очекуваме и датумот за првата меѓувладина конференција со земјите членки на ЕУ, стои во соопштението на најгилемата опозициска партија во земјава.

Европските определби се наша стратешка ориентација и преставува одлука темелена на заедничките напори на владите од потпишувањето на Спогодба за стабилизација и асоцијација од 2001-та година до сега, како и последователните 10 позитивни извештаи на Европската Комисија.

Како што се посочува и од самата Унија потребно е да се исполнат голем број на реформи особено во правосудството, борба против корупцијата, економијата и заштита на стандардот на граѓаните.

Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија, доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди, велат од ВМРО -ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека добрата вест за граѓаните е што после следните парламентарни избори владата на ВМРО-ДПМНЕ успешно ќе ги спроведе преговорите и на брза трака ќе ја внесе државата во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.