ВМРО-ДПМНЕ денеска до претседателот на Собранието, Талат Џафери ја достави предлог одлуката за разрешување на актуелниот министер за здравство, Венко Филипче поради трагедијата во модуларната болница во Тетово во која 14 лица го загубија животот, а 12 беа повредени.

Оваа предлог одлука ја поднесуваме поради непрофесионално, неадекватно и ненавремено справување со пандемијата од Ковид 19, ненавремено набавување вакцини, недостиг на кадар, нехумани услови. Ова разрешување наместо да биде оставка од морални причини поради трагичниот настак кој се случи во модуларната болница во Тетово, ќе биде разрешување по барање на народот, се вели во предлог-одлуката за разрешување на Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.