Како резултат на апелот на претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, сaкаме да истакнаме дека сме на исти став и дека како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш после новогодишните празници бараме да се закаже седница на Комисијата за избори и именувања и да одбереме нови устави судии.

Исто така, сакаме да и порачаме на Кацарска, апелот за избор на нови судии да го адресира до оние кои неа ја избраа за уставен судија, бидејќи во моментот, претседавач на комисијата е координаторот на СДСМ во Собранието на Република Македонија и доколку и СДСМ сакаат да избереме уставни судии, седница на комисијата можат да закажат уште на 3 јануари 2022 година.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на оваа комисиска расправа, како и на пленарната седница.

Воедно сме благодарни на Кацарска што го афирмира нашиот став, дека изборот на Уставни судии, како и многу други избрани и именувани лица и институции, чекаат поради неажурноста на СДСМ, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.