Тие ја забораваат историјата и минатото, товар им се. За нас иднината се темели на минатото и историјата. За нив историјата и минатото им се сидро кое што не им дава да одат напред, а за нас е едро кое што со ветерот кој дува во него не води напред во Европа и светот. Тоа е Македонија каква ние ја сонуваме, а они имаат проблем со самите, а ние заедно со народот имаме проблем со нив и тој проблем заедно со народот ќе го решиме на 21 април а потоа и на 5 мај. За да сосема на крај на предвремени парламентарни избори дефинитивно заминат на темната страна на историјата, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ пред ѓорчепетровци вечерва.
Мицкоски посочи дека со победа на претседателските избори ќе се отвори патот и за предвремени парламентарни избори со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ја понуди најквалитетната и најдобрата програма за граѓаните составен од три дела.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија ја подготви и ќе ја доработи најсложената, најбенефитната, најдобрата изборна програма со која ќе излеземе пред граѓаните. Таа изборна програма ќе се темели на три столба, првиот столб е подобар квалитет на животот на нашите сограѓаните, вториот столб е економија, работни места и третиот столб е македонизмот, бидејќи без македонизмот нема вредности во иднина, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски истакна дека неправдите направени од СДСМ мора да престанат споменувајќи ги пресудите за 27 април каде што луѓе кои што си ја сакаат државата се осуден на казна затвор поголема од два века, додека ак вистинските терористи добиле смешни казни од по 6 години.
Неправда е кога на патриотите им давате казна од два века а на терористи од ИСИС вратени од боишта им давате казна трипати помала од таа на патриотите. И нема да има мир се додека таа неправда не ја исправиме, појасни тој.
Мицкоски побара од граѓаните мобилизација, обединување и заедништво за проф. д-р Гордана Силјановска Давкова бидејќи само така ќе се победи злото кое надвиснало над татковината.
Доаѓа зората, пред зората е најтемно, но доаѓа и изгрева зората, доаѓа зората на слободата и ја носи правдата во Македонија за Гордана Силјановска Давкова иден претседател на Република Македонија, сложно, обединето и сплотено, заврши Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.