ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ја досстави Резолуцијата за заштита на националните и државните интереси. Oткако поддршка за оваа Резолуција даде СДСМ, но не и албанските партии сега сите погледи се свртени кон кон спикерот Џаафери кога ќе ја стави на дневен ред.
Со резолуцијата се очекува да биде заштитен националниот идентитет, македонскиот идентитет, македонскиот јазик и историја.
ВМРО-ДПМНЕ вели неопходен е национален и општествен консензус, да се знае од што не смееме да отстапиме, што е тоа за што Владата не смее да преговара, и она за што не смее да се прави компромис. Државата е на сите граѓани, и сите мораат да знаат за државните решенија.
Предлог-резолуцијата не е авторски текст на ВМРО-ДПМНЕ, туку во неа се содржани јавните ставови на МАНУ, УКИМ И МПЦ ОА – Јустинијана Прима.
Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.
Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, повторувам континуитет.
Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто:
Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет и свој временски континуитет.
Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.
Споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, понатаму подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам.
Процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите.
Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи.
Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебно
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.