Кого победи Заев, освен тоа што го загрози здравјето на граѓаните?!, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на СДСМ, на која претседателот на патријата Зоран Заев, генералниот секретар Љупчо Николовски и кандидатот за градоначалник Сашко Николов, прогласија победа на локалните избори во Штип.

Зоран Заев си го гледа само личниот и партиски интерес и затоа денеска организираше мафијашки избори, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа денес правеше ковид-кластер во Штип во сред пандемија и над 2.000 починати.

Заев трча да си ја спаси фотељата и притоа не му е важно колку луѓе ќе заболат, а колку ќе починат заради тоа.

Денешната среќа на Заев, штипјани ќе ги чини несреќа за некој ден.

Дополнително Заев употреби најразлични методи на уцени и притисок, закани и поткуп само и само да дојде до цензус.

Во Штип денеска имаше масовен поткуп за да се извадат граѓаните да гласаат. Гласови се купуваа со пари.

Зоран Заев денеска вршеше тортура врз својот народ.

Изборите во Штип се резултат на болната амбиција на еден човек, да ја задржи фотељата по секоја цена.

Политиките на Заев се поразени 15% помала излезност на сите закани, притисоци и уцени е знак дека веќе ништо не му поминува. 34.30% излезност е пораз за Заев.

Слобода на народот, оставка на Заев, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.