Крајот на летото е периодот предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан Мицкоски на лидерската средба како најпогоден за оддржување за избори.

Овој период е предложен како најмалку опасен по здравјето на граѓаните и очекуваното стабилизирање на корона кризата до тогаш. Со овој датум се избегнува стравувањето од нов бран од коронавирус, бидејќи сите најави се дека тоа ќе се случи почетокот на зимата, или доцна есен што го потврдува и Светската здравствена организација, велат од партијата.

Додаваат дека крајот на летото е период кога најголемиот дел од луѓето се во земјава со што е присутна и можноста за кредибилни избори со висока излезност.

Воедно ќе се има и појасна слика за ризиците и состојбата со короната во државата, а ДИК ќе има време за организирање на изборен процес кој ќе обезбеди заштита на здравјето на граѓаните. Со ова ВМРО-ДПМНЕ јасно става до знаење дека не бега од избори, и е фаворит, но воедно се грижи за здравјето на граѓаните. Од друга страна видливо е на моменти нервозното однесување на Заев и пресметката за брзи избори со дваесетина посто излезност и огромен број на жртви во услови кога сеуште има двоцифрени бројки на ново заразени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.