ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните кои вчера противуставно и насилно беа приведени им нуди бесплатна правна помош, но и на сите останати вакви слични случаи во кои власта на Заев противуставно ги крши слободите и правата на обичниот граѓанин.
Оваа насилна власт на Заев колку повеќе станува нервозна, толку повеќе ќе удира по народот, изјави денеска Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека синоќешното апсење на бадникарите било противуставно и дека власта покажува лицемерие. Жителите кои присуствувале на традиционален бадникарски оган во селото Орман се приведени, а власта мижи пред прекршувањето на законите и протоколите кои ги прават владините функционери и блиските до власта.
Замислете беа брутално и насилно апсени граѓани од селото Орман на бадникарски оган, а кога функционерите на СДСМ славеа во Штип пред неколку дена, со оркестри, со софри, без дистанци и без маски немаше никаква реакција на институциите.
Каде беа институциите да реагираат и на прославата на роденден на функционерите од владејачката ДУИ во државна институција спротивно на сите протоколи и норми на пристојно однесување?
Зошто нема никаква санкција за Венко Филипче и Зоран Заев кои исто така без маски и без дистанца се фотографираа со своите деца на квадрициклите првиот ден од Новата година, вели Стојановски.
Според него, целта е јасна. Владата на Заев ги заплашува обичните граѓани и бесрамно покажува дека едно важи за обичниот човек, а сосема други правила важат за власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.