Зоран Заев и неговата власт се делегитимирани од народот, кој јасно покажа дека треба да заминат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Губитникот Заев да си замине, тој е делигитимиран од народот.

 

Народот го порази Заев за сите понижувања, сиромаштија и кражби што ги направи.

 

Народот го казни за најголемата смртност од Ковид во светот, за провизиите од вакцини кои ги бркаа тој и Филипче, за 14 живи изгорени луѓе.

 

Народот му даде црвен картон на Заев и за сите криминали и белосветски мафијаши кои ги направи македонски државјани.

 

Народот не сака Драги Рашковски да мести тендери и да не одговара, а да се шета на слобода, исто како и Ден Дончев, кој го видовме со туце пари во торба.

 

Народот сака одговорност и одговори и за енергетската криза во која не фрлија и поскапувањето на струјата.

 

Заев мора да си замине и заради инфлацијата која ги јаде парите на граѓаните, поскапениот живот и лошите услови.

 

Заев и СДСМ мора да си заминат, затоа што државата не смее да продолжи да губи – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.