ВМРО-ДПМНЕ го достави барањето за распуштање на Собранието и за оставка на премиерот Заев, со цел да се распишат евентуалните предвремени парламентарни избори ако на тоа се согласат од владејачките партии СДСМ и ДУИ.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека барањата на партијата се токму бидејќи владејачката структура ги загрозила националните и државните интереси.

За две години СДСМ направи штети со несогледливи последици, што се однесува на државните и националните интереси, но и штети кои секојдневното живеење на граѓаните го прават скоро невозможно, рече Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.