Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, во својот говор истакна дека треба да се внимава какви лица се испраќаат во овие мисии оти тие ја претставуваат нашата држава. Тој го посочи случајот со испраќањето на медицински тим во Кабул обучуван во Норвешка, чии припадници, како што рече, од норвешките стручни лица биле оценети дека не може да ја извршуваат работата самостојно.

– Главниот хирург на тимот, од стручниот тим на Норвешка, беше оценет дека не знае да изврши основи хируршки интервенции. За другите медицински лица, беше кажано дека добро ја вршат работата. Но, забелешката беше за хирургот кој го предводи медицинскиот тим. Треба да внимаваме кого испраќаме во овие мисии, изјави Стојановски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.