ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите парламентарни партии да ги поддржат предлог измените на Законот за средно образование, кои ги доставиlе до Собранието, а се со цел да им се помогне на матурантите.

Матурантите изминатата година се соочија со големи проблеми, како неодржување на настава и скратени часови, во времетраење од 30 минути, сето тоа доведе до помал број на часови на настава и поголеми тешкотии на учениците за совладување на материјата.

Со цел да им се помогне тие да продолжат со своето образование без дополнителни стресови, ние сметаме дека нивните барања да полагаат два предмети матура се оправдани – се вели во партиското соопштение.

Од партијата велат дека Обединетото Кралство, Ирска, Франција и Белгија, веќе го примениле овој модел за намалување на бројот на предмети кои матурантите ќе ги полагаат.

Бараме од сите партии, особено од власта да ги поддржи овие законски измени, бидејќи за иднината на државата се работи.

Време е да се стават теснопартиските интереси на страна и да се поддржат измените во Законот за средно образование – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.