ВМРО-ДПМНЕ го повикува Венко Филипче и Илир Хасани, да ги достават оставките до Собранието, а не до премиерот, кој видовме дека нема да ги прифати.
Филипче и Хасани имаат рок до вторник да ги поднесат оставките до Собранието. Доколку не ги поднесат, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе Предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик.
ВМРО-ДПМНЕ нема да бара интерпелација за таа да не заглави во некоја од фиоките на Талат Џафери.
Филипче и Хасани мора да сфатат дека одговорност мора да има, и тие не смеат да бидат на своите позиции од морални причини, а тоа што ќе покаже истрагата е предмет дали за нив ќе има кривична одговорност или не. Тоа се два различни поими и постапки кои треба да течат одвоено.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува партиите од власта: БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА да не го штитат Филипче и да изгласаме негова смена.
Очекуваме БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА исто така да го повикаат Филипче и неговиот заменик Хасани на оставка.
Одговорност мора да има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.