ВМРО ДПМНЕ формираше работно тело во рамките на партијата кое ќе ја следи реализацијата на проектите кои градоначалниците ги ветија пред граѓаните.

Во програмите „Гарантираме” се опфатени точно 14.835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот. Со овие програми се предвидуваат 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти пред градоначалниците дека овие проекти мора да имаат соодветен план и динамика за развој при што работното тело ќе биде од помош при овозможувањето на совети и размена на знаења при нивното имплементирање.

Во работното тело кое ќе биде раководено од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе бидат и Зоран Ставревски и Оливер Шамбевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изрази задоволство од првичното започнување на крупни капитални проекти од градоначалниците, и воедно потенцираше дека е од исклучителна важност внимателно и доследно да се запазат ветувањата и да се овозможат промените ветени пред граѓаните со цел обезбедување на новата иднина во која граѓаните веруваат и дадоа поддршка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.