Според Венко Филипче медицинските лица кои гинат во борбата со КОВИД-19 пандемијата имале многу работа и не смееле да земат ниту слободен ден, ниту одмор, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во исто време неговите колеги од владата се шетаат низ светот на монденски дестинации и трошат од парите на граѓаните на Република Македонија. Очигледно е дека според Филипче, министерот за корупција Љупчо Путер Николовски нема многу ангажмани во моментот и наместо да истражува профитерство во набавката на вакцини, добро е да се луксузира во Дубаи и да мачка путер на очите на граѓаните. Според Филипче очигледно и Драги Рашковски кој со народни пари купил софтвер кој самиот го направил исто така нема многу ангажман, освен веројатно да ги троши парите од граѓаните во луксузни хотели во Мексико. Во меѓувреме црните КОВИД статистики, фактите дека немаме набавено вакцини и дека сме последни во светот според справувањето со КОВИД пандемијата се јасен показател дека и Филипче нема многу ангажман па му препорачуваме да земе траен одмор од местото министер и да се подготви не за одмор, туку за одговорност, истакнуваат од опозицијата.

Патем, Филипче ја лажеше јавноста кога кажа дека ризик постои само за патници од Африканскиот континент. Еве извештај од американска агенција со препораки да не се патува во Мексико бидејќи е високоризична земја во КОВИД пандемијата, додаваат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.