Повторно црн рекорд во Македонија! Во последното деноноќие статистиката на минситерството за здравство вели дека се починати 39 лица. Станува збор за 39 семејства завиени во црно. Неспособноста на Филипче и Заев чини животи, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Филипче ќе остане запаметен како гробар на граѓаните.

Филипче прогнозираше дека ќе има околу две илјади заболени, а сега има скоро 4.600 починати лица од корона. Ова е резултат на неспособноста да се организира здравствениот систем. Ова е резултат на неспособноста да се набават навреме и доволно вакцини. Филипче не само што треба да замине, Филипче ќе одговара, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.