Освен што вози мотори со премиерот Зоран Заев, министерството здравство Венко Филипче барал и провизии од набавката на вакцините. Провизиите на Филипче чинат 7,8 милиони евра и 1.000 мртви месечно. Заради желбата на Филипче богатење, Македонија е на врвот во светот со најмногу починати на милион жители од коронавирусот и во најлошите три земји по вакцинација во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заради алчноста и неспособноста на Филипче, Македонија денеска надмина 5.000 починати, што е како да исчезнал еден цел град како Македонска Каменица, а повеќе отколку што имаат жители Валандово, Пехчево, Македонски Брод или Демир Капија. Додека сите набавуваа вакцини, Филипче бркаше провизии и затоа нема ден да нема двоцифрена бројка на починати од коронавирусот, а тој во меѓувреме си се вози со мотори или хеликоптери, стои во партиската реакција.

Опозицијата потсетува на аферата за обидот Владата на СДСМ да ги набави кинеските вакцини преку фиктивна хонконшка фирма, и тоа по нереално повисоки цени.

Фатени се со рацете во медот, документите покажуваат дека платил 7,8 милиони евра на фантомска фирма од Хонгконг со тројца вработени, за двојно поскапи вакцини од реалната цена. СДСМ и владата претходно негираа, за потоа да признаат дека навистина платиле. На СДСМ не може да им се верува. Наместо да спасуваат животи, гледаа да полнат џебови и за тоа ќе одговараат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.