Македонија е рекордер во регионот по починати лица од Ковид-19. Овој податок говори само дека Зоран Заев, СДСМ и Филипче наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледаат како да ја спасат политичката кариера, реагира ВМРП ДПМНЕ.
Во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 20 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот.
Споредбено, Хрватска во последното деноноќие нема заболени од корона вирус, додека пак Албанија има 8 новозаболени од Ковид-19. Во Република Македонија бројката е значително поголема, вкупниот број на заболени кај нас достигна 1.941 лица, а бројот на починати е 113 лица. Бројките се влошуваат секое деноноќие, а доколку се спореди со држава со приближно ист број на жители како Словенија, Македонија има навистина лоша бројка. Словенија заклучно со 21 мај има извршено 73.742 тестирања, а Македонија за тој период само 24.018, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Според мапата која беше објавена Македонија има највисок индекс по смртност во регионот.
Додека ние сме на врвот, СДСМ и Заев се подготвени по секоја цена, и по цена на животот и здравјето на граѓаните да брзаат на избори. Македонија е во врвот по заболени на еден милион жители. Македонија е на дното по бројот на тестови кои се прават. Со СДСМ и Заев единствени добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.