Џафери тврди дека Караџовски извршил измена на протоколите и дозволил позитивни пратеници да присуствуваат во собрание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Караџовски нема правен основ за да изврши промена на протоколите.
Јавно повикуваме Цафери јавно да го објави документот врз основа на кој Караџовски дозволил слободно движење на пратениците и ослободување на протоколите?
Да се дозволи јавен увид доколку постои таков документ кој би бил правен преседан. Каков е тој документ со кој се суспендираат законите на неколку часа?
Дали со ова Џафери призна дека Караџовски направил фалсификат документ или пак таков документ не постои. Караџовски и Џафери треба да одговорат која е вистината. Или Џафери лаже, или Караџовски крши закони, соопштуваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.