Почина 33-годишна жена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје со која директорува другарката на Зорица Заева, Викторија Јовановска.
Огромна лекарска грешка, пациентката починува, но се разбира како ништо да не се случило. Зошто? Затоа што таа е пријателка на жена му на Заев, а кога некој е пријател на фамилијата, пријател на Венко Филипче, зборот одговорност не постои, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потсетуваат на неславните рекорди постигнати во време на директорувањето на Јовановска на ГАК, починати новороденичиња, родилни, а сега и жена оперирана токуму од директорката.
Од опозициската партија велат дека во министерскиот мандат на Филипче има само игри во кои се обидува да ги скрие грешките на блиските со кои има исти интереси, а тие грешки чинат живот.
Минатата година родилка од Дебар која замина во болница да се породи остана без три органи. Исто постапување или во превод одговорност нема. Играта која започнува со формирање на комисии, повикување на надлежните служи само за замајување на јавноста. Комисиите и ниту една надлежна институција не може да го спаси Филипче од одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.