Злоупотреба на институциите, селективна правда, нарачани постапки и притвори, па изнуда на огромни суми пари. Вака се тргува со правдата додека Зоран и Вице Заеви владеат со Македонија. Додека секојдневно има висока трицифрена бројка на новозаболени од корона вирусот и по неколку починати, за Заев и понатаму приоритет рекетот. Здравјето на граѓаните не го интересира. Јавноста слуша за пазари со правдата, за барање 6 милиони евра очигледно во име на Зоран и Вице Заеви. Еден од обвинетите во случајот „Рекет“ во суд кажа дека рекетираните пари треба да се бараат кај Заеви, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Загрижува фактот што се во врска со ваквите криминални дејствија води кон центарот на политичка моќ, кај поранешниот премиер, Заев. Очигледно е станува збор за системски организирана мафија во која што политички, обвинителски, адвокатски и судски структури заедно со посредници од подземјето тргувале со правдата и остварувале голема материјална корист. Сето ова случува во период кога Ковид-19 коси се, а Филипче и Заев со неспособноста го направија здравствениот систем целосно нефункуционален. Филипче наместо да го менаџира здравствениот систем за справување со корона вирусот, тој брои новозаразени и починати од корона вирусот. Филипче и Заев се грижат за личните интереси, само играат игра со која сакаат да остават впечаток дека нешто работат, дека се грижат за здравјето на граѓаните. И бројките на новозаболени и починати секојдневно потврдуваат дека Заев не се интересира за здравјето на граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.