Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до претседателот на Собранието ги достави потписите и записниците од Иницијативата за донесување на закон за поништување на Законот за попис.
Апелираме и укажуваме до власта, да прекине со постапката за попис бидејќи секаде во Европа и во светот, пописите се одложени за 2022 година. Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме ние како државјанства во Република Македонија – истакна на прес-конференција Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ, како што додаде, во повеќе наврати укажала дека имаме лош и штетен закон, што нема да ја прикаже реалната состојба на жители во Македонија.
Затоа, и преку Собранието поднесовме четириесетина суштински амандмани со кои што требаше да се подобри текстот на законот. За жал, беа сите амандмани одбиени – рече пратеникот Сајкоски
Опозициската партија, повтори тој, укажала дека лошо е да имаме врзан потпис затоа што прави сомнеж врз самиот процес на попишување.
Укажавме дека никаде во светот нема попис на резидентно население, а да се попишуваат и нерезидентите односно граѓаните кои не живеат во Република Македонија – рече Сајкоски.
Тој рече дека не очекува опструкции за собирањето на десетте илјади потписи во рамки на Иницијативата за поништување на Законот за попис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.