Љупчо Николовски треба да одговори зошто како вицепремиер одговорен за борба против корупција уште не истражил и нема разрешница за тоа како Вице исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК, зошто Вице не е повикан во ЈО, но и зошто случајот стои замрзнат?, реагираат од ВМРО ДПМНЕ на прес-конфренцијата на Љупчо Николовски.
Кога ќе одговори за Вице, нека каже и зошто Ден Дончев наместо на истражна клупа се наоѓа на слобода? Но и до каде се случаите со Драги Рашковски кој беше фатен инфлагранти во криминал и местење на тендери?
Од вицепремиерот се очекува да каже и до каде се случаите со Лидија Димова.
Одговори чекаме и за провизиите на Венко Филипче од вакцините, матните тендери во здравството и сите пропусти на министерот смрт Филипче.
Долга е листата за истраги и процеси кои се закочени или воопшто не се отворени. За сите овие криминали ќе има одговорност. Заев и Николовски може само времено да ја одложат, а со тоа дополнително да се инкриминираат, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.