Бидејќи за Димитров одговорноста е непозната категорија, чувствуваме должност да му го објасниме значењето на зборот лешинар кој тој го употребува. Лешинар е човек чија ќерка добива стипендија од 40 илјади евра од владата чиј таткото е министер, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Тие додаваат:
Лешинар е човек кој менува партија не поради идеолошки разлики, туку кариерни побуди и се разбира лукративни мотиви.
Лешинар е човек кој во исто време кога ќе каже дека штити државни интереси истите ќе ги продава на пазар. Лешинар е човек кога ќе крие од јавноста дека и донел уште една капитулација на државата каде е министер и притоа ќе моли новинари тоа да не го објават.
Да се вратиме на темата, зошто Димитров го криеше документот со кој од нас се бара откажување од македонскиот јазик и историја како услов за продолжување на европските интеграции?
Дали чувствува вина лешинарот Димитров за тоа што донесе нов неуспех на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.