На денешната собраниска седница на која се дискутира за поднесената интерпелација за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска истакна дека во Европа не постои влада каде не се поднесува оставки после толку скандали, а особено после неуспеси, како што е неуспехот на Димитров со недобиваањето на датумот.
Не постои влада во Европа која има толку многу скандали и не поднесува оставка, туку чека интерпелација. Поисправен чекор ќе беше министерот сам да ја поднесе оставката по неуспехот за добивање на датум за преговори, заради тоа што е европски манир, рече Петрушевска.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска потенцираше дека Димитров во 2018 заедно со Заев се сликаа од авион велејќи дека е добиен датумот со ЕУ, а еве 2021 година, датум нема, но затоа има молк од страна на Димитров за навредите од Бугарија.
– Никој од власта не се осудува да каже нешто за навредите и понижувањата кои изминативе месеци ги доживуваме од страна на функционерите од Бугарија и зошто токму Никола Димитров ги премолчува сите тие навреди, рече Лашкоска.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски изјави дека Димитров со својата неработа после 4 години ја стави Македонија уште подалеку на патот до Европската Унија.
Димитров со своето неработење не придонесе за интеграција на Македонија и тоа е факт. Имаме нула напредок. Неговата одговорност е што не ја користи својата можност да го крене својот глас против корупцијата во државата, добивме најнегативен извештај од Транспаренси и дали сметате дека тоа не е пречка и нешто за да се алармира, рече Велјановски.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска нагласи дека Димитров наместо да ги брани позициите на Македонија после пресудата во Хаг, тој го промени името на државата.
– Пресудата во Хаг беше многу јасна и децидна дека Република Македонија ги нема прекршено одредбите од спогодбата, Димитров беше дел од тој процес, а потоа потпиша капитулантски договор каков што беше договорот од Преспа. Никола Димитров ги брани позициите наметнати од Зоран Заев, а претходно велеше дека уставното име е столб на државноста и ако Република Македонија го промени под меѓународен притисок ќе се премине линијата на македонското достоинство. Ова се зборови на Димитров, рече Ласовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.