Во текот на денешниот ден до меѓународните претставници, но и до Министерстотото за правда е доставен предлог- верзијата на амандманите откако беа прифатени принципиелните забелешки, кои претходно министерката за правда не сакаше да ги прифати – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на првото прашање во вечерашниот ТВ дуел на Канал 5, каде ги соочуваат фактите со лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.
Тие принципи се правда за сите. Меѓународни стандарди и почитување на човековите права. МП се согласи за тие принципи и ВМРО-ДПМНЕ денеска достави 65 амандмани. Ние сме СЈО да биде дел од Обвинителствотото, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцира дека тој и партијата ќе се борат за правда за сите, а не селективна како сега.
– Бидејќи најпрвин Министерството за правда не сакаше да се согласи со принципите кои што ВМРО-ДПМНЕ јавно ги соопшти на македонската јавност. А, тоа е правда за секого и правда за сите, не селективна правда и не правда само за поедина група на луѓе. И наредните правила и прописи да бидат фактурирани со сите свои значења, такви како што се, а не како што одговараат и да бидат сечени и лепени, креирани и залепени за новиот закон за Јавното обвинителство и нормално почитување на човековите права согласно Судот за човекови права во Стразбур и согласно препораките на ЕК и согласно препораките на Венецијанската комисија, појасни Мицкоски.
Тој додаде дека амднамните предвидуваат СЈО да биде оддел во веќе постоечкото Обвинителство за организиран криминал и корупција.
– Нашиот принцип е поинаков, ако се остави СЈО да биде инкорпорирано и да му бидат оставени истите ингеренции тогаш не сме ја постигнале целта. Имаме сиромашен буџет и ограничени средства, подобро да го споиме СЈО со Обвинителството за организиран криминал и корупција, да имаме оддел за висока корупција и криминал, тоа е нашиот предлог – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.