Власта дури и во оваа новонастаната и за сите тешка ситуација со коронавирусот никако да сфати дека не треба да води сметка за маргиналните работи. Ниту сега конечно да почне да се занимава со суштинските работи во образованието, реагираат од комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Просветните работници во овој момент се занимаваат со администрација и слични „доказни и законски” несуштински акти.
Дали Власта се грижи за образованието на сите ученици?Дали навистина се води сметка за сите ученици, но и образовниот кадар кој нема пристап до интернет и компјутери?
Власта да ги остави наставниците и професорите да си ја работат својата работа, да им ја остави слободата, креативноста, да ги остави да го извадат најдоброто од и за своите ученици.
Учењето на далечина е нешто кое треба да ни биде предизвик на сите, исто како што треба да бидат обезбедени подеднакви услови за сите.
Тоа ќе биде можно само кога и Марко во Чучер ќе има компјутер, како и Мартин во Центар, кога и Елена во Држилово ќе има интернет, како и Ерхан во Липково, кога ќе можат да бидат обезбедени сите можности и ресурси и за оние на кои им е најнеопходно.Власта освен за кратење на платите докажа дека не е подготвена за спроведување реформи и нема доволно знаење за проекти и решенија за воведување на дигиталното образование, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.