Заев не смета дека Филипче има морална одговорност, тогаш тој прејудицира дека нема ниту кривична одговорност. Венко Филипче има најмалку морална одговорност за траорната несреќа која се случи во Тетово и во која животот го загубија 14 наши сограѓани. Токму затоа оставката е неопходна“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ утрово.
Оставките не треба да застанат со Филипче. За да може да се спроведе непристрасна и независна истрага за случајот потребни се оставки и од Артан Груби и од Зоран Заев.
Само со оставки на Филипче, Груби и Заев ќе имаме непристрасна истрага, од која ќе се утврди и вина.
Заев призна дека директно е вмешан во истрагата за ужасот во Тетово, затоа мора да си поднесат оставки и да ја ослободат истрагата
Патот е јасен. Оставки на Филипче, Груби и Заев, па непристрасна истрага, и на крај кривична одговорност. Не може 14 луѓе живи да изгорат, а никој од власта да не е виновен за ништо.
Одговорност мора да има. Зошто ако сега се премолчи, слични или полоши ситуации може да ни се случуваат повторно. Да не дозволиме неказнивоста да стане правило. Време е за одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.