Мила Царовска веднаш да запре со притисокот врз матурантите и професорите, кој го спроведува преку директорите на средните училишта, а СДСМ да ги поддржи предлог измените во Законот за средно образование, ова денеска преку соопштение го порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог измените во Законот за средно образование, се во корист на матурантите, и во корист на нивната иднина, но и иднината на државата, бидејќи тоа се новите лекари, инженери, прогамери итн. Царовска и СДСМ мора да имаат слух за барањата на матурантите, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го преточи во законски текст, кој СДСМ треба само да го поддржи. Матурантите не смеат да бидат поле за политичко надмудрување. Време е СДСМ да покаже политичка зрелост и во интерес на најмладите да ги тргне теснопартиските интереси на стран, велат од партијата.

Тие додаваат дека полагањето само на 2 предмети, наместо 4 за овогодинешните матуранти ќе биде сериозна помош за нив, кои во време на КОВИД немаа целосна настава, но сакаат да го продолжат нивното образование. СДСМ нема право да стои на патот на иднината на матурантите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.