Буџетот за 2021 година е неразвоен, не е насочен кон граѓаните и создава додадена вредност. СДСМ планира да троши стотици милиони без да каже на што, велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев одвојува дури 641 милион евра за други трансфери, а никој не знае каде одат овие пари. Само за споредба со 50 милиони евра се прави болница како Клиничкиот центар во Штип, тоа се 12 Клинички. 641 милион евра се и два автопати. 641 милион евра се пари кои можеа да се потрошат за подобра иднина, но спротивно од тоа ќе бидат потрошени на работи за кои никој никогаш нема да знае.
Владата ќе потроши историски највисоки средства само за плати, во 2021 година за плати на администрацијата ќе се потрошат 20 милиони евра повеќе, споредбено со оваа 2020 година, и издатоците од Буџетот за плати ќе изнесуваат оваа година фантастични и рекордни 510 милиони евра.
Заев планира и 347 милиони евра за стоки и услуги. Од шупло во празно. Буквално!
Ваквото расипништво ќе биде проследено со високо задолжување. За две години владата ќе се задолжи за 1 милијарда и 600 милиони евра.
И додека се троши на се и сешто. Пари за здравството нема. Средствата за здравството се непроменети во однос на 2020 година. За жал и во 2021 година ќе се собираат донации преку смс пораки, а ќе се фрлаат милиони на непродуктивни трошоци.
Власта која фрла пари за се и сешто ќе потроши само 374 милиони евра за капитални инвестиции, за споредба само Косово троши 1 милијарда евра за капитални инвестиции.
Власта со овој Буџет покажува дека нема план како понатаму, уверуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.