На Заев и СДСМ не им е важно како живеат граѓаните, туку важно им е само нивното богатење. Неспособната влада на Заев воопшто не води грижа за здравјето на граѓаните. Бројот на новозаразени од корона вирус секојдневно е трицифрен. поради неспобноста на Филипче, Република Македонија и понатаму е рекордер по бројот на новозаразени, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека владата на Заев не води воопшто никаква грижа за граѓаните во Република Македонија.
Единствено нешто за што водел грижа Заев е депозитот на Нина Ангеловска од 250 илјади евра да биде извлечен од Еуростандард Банка. По пропаѓањето на Еуростандард Банка само 10 проценти од лицата успеале да отворат сметки во други банки, што значи дека околу 90 000 граѓани ќе останат без своите пари наредниот месец. Иако Република Македонија се наоѓа во корона криза, СДСМ и Заев одлучија да ја поскапат струјата за 7.5%. Со поскапувањето на струјата тие директно удираат по џебот на граѓаните, а фирмите блиски до СДСМ и Заеви ќе се богатат.Се то ова покажува дека СДСМ и Заев не им е гајле како граѓаните живеат, туку само водат грижа за нивно богатење, се наведува во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.