Се уште остана енигма во кое својство пиунот Ковачевски беше на самитот Отворен Балкан во Тирана. Таму беа водачите на државите од регионот, додека Ковачевски беше придружба на Зоран Заев. Освен тоа што беше статист и пиун на Заев, нејасно е што правеше Ковачевски на тој самит и која беше неговата улога, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски освен тоа што се поклонува на Заев видовме и дека беспредметно се смее на самитот.

Оттука пиунот на Заев Ковачевски треба да одговори:

Дали зашто му е смешно додека го третираат како вишок на самитот. И зашто партијата негова тврдеше дека само што не влеговме во ЕУ, а сега не лаже со Отворен Балкан?, подвлекуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.