ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Павлина Црвенковска, продолжената рака на Заев во судството. Според опозициската партија Црвенковска нема кредибилитет да го води Судскиот совет, затоа што не е компетентна, најголемиот дел од кариерата го минала како партиски кадар на СДСМ и е замешана во аферата Еуростандард банка.
Не е ниту компетентна ниту квалитетна да одлучува за избор и разрешување на судии, од проста причина што нема ниту ден стаж како судија. Второ, таа е докажан партиски кадар на СДСМ кој голем дел од кариерата бил шеф на кабинет на Бучковски, функционер во владите на партијата на власт. Трето, се поврзува со скандалозното пропаѓање на Еуростандард Банка, афера тешка стотици милиони евра во која оштетени се илјадници семејства. Имено нејзиниот сопруг, исто како и Заеви, зел кредит без соодветно покритие од Еуростандард банка, зел 1.6 милиони евра кои не ги вратил. Токму ваквите кредити ја пропаднаа банката и ги оставија илјадници семејства без своите заштеди и пари. Сето ова покажува дека Павлина Црвенковска е типичен пулен на Зоран Заев кој по многу работи е идентичен како и менторот. Со Павлина Црвенковска нема да има реформи во судството, туку по се изгледа продолжена маша на Заев и затоа потребно е веднаш да си поднесе оставка, се вели во соопштението испратено до ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.