Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ Наум Стоилковски побара од обвиниелката Вилма Рускоска да ја прошири истрагата и на невладинаа организација и да истражи кои се релациите на Фросина Ременски и со наводно рекетираниот битолски бизнисмен кој бил уценуван со 750.000 евра за изградба на станови.
ВМРО – ДПМНЕ побара одговор колку се загазени високи функционери на СДСМ во аферата „Рекет“, откако претходно објави видео на кое е снимено назначувањето на Фросина Ременски, пратеничка од СДСМ за претседателка на невладината организација на Бојан Јовановски, првоосомничениот во аферата „Рекет“ кој е во притвор и побара од државното обвинитество да истражи каква била нејзината релација со Боки 13 и нејзиното влијание во аферата „Рекет“.
Што знае Катица Јанева за Зоран Заев и за неговите крими соработници па јавното обвинителство не смее да ја осомничи и да ја приведе Јанева? Колку се загазени во криминал и рекет Зоран Заев, втората дама на невладината Ременски и останатите функционери на СДСМ кои што се фотографираа и го поддржуваа Боки 13? Што уште треба да се случи за Русковска обвинителството да влезе во СЈО на Катица Јанева и да изврши претрес? – праша портпаролот Стоилковски.
Видеото што беше објавено вчера е снимено на конститутивната седница на невладината организација на осомничениот Јовановски, Меѓународен сојуз Скопје во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.